Вагинална инфекција Сподели E-mail

Многу жени повеќепати имале вагинална инфекција, а поради страв од гинеколог не се лечеле на вистинскиот начин. Токму затоа ќе ви дадеме некои насоки. Што е тоа вагинална инфекција, како да се препознае и какви последици може да донесе.

Вагиналната инфекција се однесува на било кој вид на инфекција на вагината настаната од бактерии, микроорганизми па дури и некои од хемиски или физички надразнувања.
Главна причина за вагиналната инфекција е нерамнотежата меѓу бројот на добри и лоши бактерии во вагината.

Симптомите на вагиналната инфекција кои се јавуваат зависи од видот на инфекцијата.
Најчести симптоми се:
*вагинален исцедок со непријатен мирис
*Пецкање додека мокрите
*Болка при односи
*чешање и пецкање во пределот на вагината
*Изфрленост или брадавици во близина на вагината

Жените кои имаат проблем со вагиналните инфекции се воглавно сексуално активни, меѓутоа инфекциите се чести и кај девојки кои сеуште немале полови односи. Голем дел од вагиналните инфекции не представуваат ризик за здравјето, но знаат да бидат многу непријатни.
Меѓутоа во комбинација со бременост не се посакувани, бидејќи може да предизвикаат предвремено породување. Исто така многу од нив се и полово преносливи.
Како на пример трихомонијада која произведува симптоми слични на другите видови на вагинални инфекции, но нејзиното лечење е многу по сложено.
Некогаш знаат да бидат безначајни, но понекогаш создаваат проблем. Најдобар начин да ги лечите е да го посетите својот гинеколог и тој најдобро ќе ви помогне со совет и терапија.

 

Женски тајни радио

 

Активни теми